Виртуелна меѓународна нормативна податотека
меѓународен семрежен каталог на нормативни податоци / From Wikipedia, the free encyclopedia
Виртуелна меѓународна нормативна податотека (англиски: Virtual International Authority File, крат. VIAF) — меѓународна нормативна податотека, заеднички проект на неколку национални библиотеки кој го води електронскиот библиотечен центар OCLC.[1] Негови иницијатори се Германската национална библиотека и Конгреснатата библиотека на САД.
Вид место | пребарувач, електронски каталог |
---|---|
Достапно на | англиски |
Сопственик | OCLC |
Создавач | заеднички проект на 4 библиотечни организации |
Адреса | VIAF.org |
Комерцијално | no |
Зачленување | не |
Целта на системот е поврзување на националните нормативни податотека (како што е германската Називна нормативна податотека) во една виртуелна нормативна податотека. Така, истоветните записи се спојуваат во единствена евиденција, и секој од нив добива стандарден број, основни записи за алтернативни и застарени називи преземени од изворната евиденција, кои се однесуваат на таа база. Сите овие информации се достапни на интернет за истражување, споделување и размена на податоци. Заемното подновување го користи протоколот OAI.[2]