Нормативна контрола
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нормативна контрола — поим во библиотекарството што подразбира создавање и водење на предметни определници за библиографски материјали во библиотечните каталози. Оваа контрола има две важни улоги. Едната е тоа што им овозможува на каталогизаторите да појаснување на ставки со слични или истоветни предмети. На пример, ако има двајца автори што објавувале под исто име, тогаш се става средно или татково име, датум на раѓање и/или смрт (или кога твореле ако е непознат), или пак некој описен епитет. Другата значајна улога на нормативната контрола е тоа што му служи на каталогизаторот за здружување (колокација) на материјалите кои логички припаѓаат заедно, но се претставуваат различно. На пример, во нормативните записи се утврдуваат единствени наслови, кои потоа ги здружуваат сите верзии на некое дело под еден именител, дури и ако се издадени под различни наслови. Така, ова претставува пример за контролиран речник.
Иако, во теорија, секоја информација за некое дело може да подлежи на нормативна контрола, каталогизаторите најчесто се задржуваат на авторот и насловот. Предметните определници имаат слична улога на нормативните записи, но сепак се посебни делови од евиденцијата.
Нормативната контрола во Република Македонија ја подготвува и врши Секторот за комплетирање и обработка на библиотечен материјал при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1]