Виктор Корчној
From Wikipedia, the free encyclopedia
Виктор Корчној (руски: Ви́ктор Льво́вич Корчно́й) роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург), 23 март 1931 починал во Волен на 6 јуни 2016 година.
Бил советски шаховски велемајстор на почетокот а подоцна и советско – швајцарски шаховски ас. Според стилот на играта бил нарекуван „Страшниот Виктор“.
За време на Втората светска војна Корчној живеел во Ленинград (денес Санкт Петербург) за време на неговата опсада (1941-1945).
Започнал да учи шах уште во неговата шеста година од животот. Станал советски мајстор во 1951 година, интернационален мајстор во 1954 година а велемајстор во 1956 година. Четири пати бил шампион на Советскиот Сојуз, а играл и за олимпискиот тим на истата држава. Како член на шаховскиот тим на Советскиот Сојуз има освоено 6 златни медали (одликувања). Осум пати играл во натпревари за кандидат за светски првак, а играл и двапати во финале против Анатолиј Карпов.
Емигрирал во Швајцарија во 1976 година и таму се здобива со статус на Швајцарски граѓанин во 1991 година. Тоа претставувала прва емиграција на врвни советски шахисти од Советскиот Сојуз кон државите од западот. На Филипините во 1978 година бил многу блиску до победа против Карпов во натпревар за светски првак.
Корчној бил повеќе од 50 години пласиран помеѓу 100те шахисти во светот на ранг листата. Сè до својата смрт бил врвна форма, а во поодминатите години од својот живот има победувано на турнири (2006 година освоил титула помеѓу ветерани). Виктор Корчној починал на 6 јуни 2016 година во градот Волен во Швајцарија во 86-тата година од својот живот.
Добро го говорел српскиот јазик.
Сè до својата смрт бил рангиран помеѓу првите 100 шахисти во светот.
период | позиција | рејтинг |
Јануари 2007 | 85 | 2629 |
Октомври 2005 | 92 | 2620 |
Јули 2005 | 100 | 2615 |
Април 2005 | 96 | 2619 |
Јануари 2005 | 90 | 2617 |
Јули 2003 | 66 | 2628 |
Април 2003 | 60 | 2632 |
Јануари 2003 | 43 | 2642 |
Октомври 2002 | 52 | 2634 |
Јули 2002 | 59 | 2626 |
Април 2002 | 51 | 2635 |
Јануари 2002 | 54 | 2633 |
Октомври 2001 | 45 | 2639 |
Јули 2001 | 64 | 2617 |
Април 2001 | 41 | 2643 |
Јануари 2001 | 46 | 2639 |
Октомври 2000 | 50 | 2632 |
Јули 2000 | 63 | 2620 |
Табела со: пласман и рангирање на Корчној во периодот од јули 2000 до 2007 година