Википодатоци
слободна база на податоци што секој може да ја уредува / From Wikipedia, the free encyclopedia
Википодатоци (англиски: Wikidata) — проект за соработно уредување на база на податоци за Википедија. Проектот го започнала Викимедија Германија со намера да овозможи заеднички извор на извесни видови податоци како датуми на раѓање, класа на заверени податоци, што ќе се користат на сите јазични изданија на Википедија.[1] Ова е прв нов проект на Фондацијата Викимедија од 2006 наваму.[2]
Кратки факти Вид место, Достапно на ...
Главната страница на Википодатоци на македонски јазик | |
Вид место | база на знаења, вики |
---|---|
Достапно на | повеќејазично |
Сопственик | Фондација Викимедија |
Создавач | Викимедиина заедница |
Адреса | www.wikidata.org |
Комерцијално | не |
Затвори
Разработката на проектот е поддржана со приложени средства од Аленовиот институт за вештачка интелигенција, Фондацијата Гордон и Бети Мур и Google, Inc., во вкупен износ од 1,3 милиони евра.[3][4]