Буџак (регион)
историско-географска област во Украина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Буџак (бугарски и украински: Буджак, романски: Bugeac, гагауски и турски: Bucak, добручкотатарски: Bucaq), ― историски регион кој бил дел од Бесарабија од 1812 до 1940 година. Сместен покрај Црното Море, помеѓу реките Дунав и Днестар, овој повеќе-етнички регион зафаќа површина од 13,188 км2 и е дом на приближно 600.000 луѓе. Поголемиот дел од регионот (поранешна Измаилска Област) сега се наоѓа во украинската Одеска Област, додека преостанатиот дел се наоѓа во јужните области на Молдавија. Регионот се граничи на север со остатокот од Молдавија, на запад и југ со Романија и на исток со Црното Море и остатокот од Украина.
За други значења на поимот, погл. Буџак (појаснување).
Ова не е исто што и Јужна Бесарабија.