Боја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боја — видна восприемателна способност на луѓето спрема категориите наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата на светлинскиот спектар со светлоприемници (фоторецептори) во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред сè од аспект на нивните физички својства како што се (апсорпција), одбивањето (апсорпција) или емитувањето (зрачење) на светлината.
Само дел од електромагнетниот спектар е видлив за човековото око (во интервалот од 380 до 740 nm, приближно речено) е одговорен за перцепцијата на боите. Со оглед на тоа што восприемањето на бојата доаѓа од различните видови на конусни клетки во мрежницата одговорни за детекција на зрачење до различни делови во спектарот, боите можат да се дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки. Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај сѐ не целосно ни го објаснуваат психофизичкото восприемање на бојата.
Науката за боите понекогаш се нарекува хроматика. Таа се занимава со восприемањето на бојата од страна на човечкото око и мозокот, потеклото на бојата, бојата во уметноста и физиката на електромагнетното зрачење во видливиот ранг (што всушност е терминот кои го употребуваме за оваа појава, светлина).