Битка за Холандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Германската инвазија на Холандија ( холандски: Duitse aanval op Nederland), позната и како Битка за Холандија (холандски: Slag om Nederland), била дел од Жолтиот план (германски: Fall Gelb), воен поход на нацистичката Германија за окупација на Ниските Земји (Белгија, Луксембург и Холандија) и Франција за време на Втората светска војна. Битката траела од 10 мај 1940 година до предавањето на поголемиот дел од холандските вооружени сили на 14 мај. Холандската армија во провинцијата Зеланд продолжила да пружа отпор на германскиот Вермахт до 17 мај по што Германија ја окупирала целата земја.
Инвазијата на Холандија била една од воени операции во која биле употребени масовни десанти со падобранци, кои требало да заземат тактичко важни точки и да помогнат во напредувањето на копнените трупи. Германскиот Луфтвафе употребил падобранци при заземањето на неколку аеродроми во околината на Ротердам и Хаг.
По разорното бомбардирање на Ротердам од Луфтвафе на 14 мај, Германците се заканиле дека доколку холандските сили одбијат да се предадат ќе бомбардираат други холандски градови. Холандскиот генералштаб знаел дека не може да се спротивстави на германските бомбардери и ѝ наредил на Холандската кралска армија да прекине со отпорот. Холандија била ослободена во 1945 година.