Астрофизика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астрофизика — гранка од астрономијата која употребува физички и хемиски принципи со цел да ја определи природата на небесните тела наместо нивните положби или движења во вселената[1][2]. Телата кои се изучуваат се Сонцето, други ѕвезди, галаксии, вонсончеви планети, меѓуѕвездената средина и космичкото микробраново зрачење[3][4].Нивното оддавање на енергија се разгледува во сите делови од електромагнетниот спектар, а меѓу својствата кои се испитуваат, се вклучени: сјајноста, густината, температурата и хемискиот состав. Бидејќи астрофизиката е обемна наука, астрофизичарите типично применуваат многу дисциплини од физиката, вклучувајќи механика, електромагнетизам, статистичка механика, термодинамика, квантна механика, јадрена и честична физика, и атомска и молекуларна физика.
Во пракса, во современата астрономија често се користи теориска и набљудувачка физика. Астрофизичарите се обидуваат да ги утврдат својствата на црната материја, црната енергија и црните дупки; дали е возможно да се патува низ времето, црвоточини, дали мултивселената постои; потеклото и крајот на универзумот [3]. Теми кои исто така се разлгледувани од астрофизичките теоретичари се: создавање и развој на Сончевиот Систем; ѕвездена динамика и развој, создавање и развој на галаксии; магнетохидродинамика; структура од материја со големи размери во универзумот; потеклото на космичките зраци, општа релативност и физичката космологија, вклучувајќи струнска космологија и астрочестична физика.
Астрофизиката може да студира на додипломско, магистарско и докторско ниво во оделите за физика и хемија на многу универзитети.