Азербејџан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan), или официјално Република Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan Respublikası) — земја во регионот на Јужен Кавказ во Евроазија на раскрсница помеѓу Источна Европа и Западна Азија[8] Земјата е опколена од Каспиското Море на исток, и граничи со Русија на север, Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Ексклавата Нагорно-Карабах е опколена од Ерменија на север и исток, Иран на југ и запад, и има граница со должина од 11 километри со Турција на северозапад.
Република Азербејџан Azərbaycan Respublikası (азербејџански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна:
|
||||||
Местоположба на Азербејџан (зелено) и Арцах[lower-alpha 1] (светлозелено).
|
||||||
Главен град (и најголем) | Баку | |||||
Службен јазик | азербејџански | |||||
Етнички малцински јазици | аварски, будухски, ерменски (само во Нагорно-Карабах), грузиски, јудеотатски, хиналушки, курдски, итн. | |||||
Народности (2009[1]) | ||||||
Демоним | Азербејџан | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска[2] република под авторитаристички режим[3] | |||||
• | Претседател | Илхам Алиев | ||||
• | Заменик-претседател | Мехрибан Алијева | ||||
• | Премиер | Новруз Мамадов | ||||
Законодавство | Национално собрание | |||||
Историја | ||||||
• | Демократска Република | 28 мај 1918 | ||||
• | Советска Социјалистичка Република | 28 април 1920 | ||||
• | Независност од Советскиот Сојуз |
|
||||
• | Полно членство во ЗНД | 21 декември 1991 | ||||
• | Прифатена од ООН | 2 март 1992 | ||||
• | Усвојување на Уставот | 12 ноември 1995 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 86.600 км2 (111th) | ||||
• | Вода (%) | 1.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | 10,000,000[4] (91-ва) | ||||
• | Густина | 115 жит/км2 (99-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2018 г. | |||||
• | Вкупен | $178.470 милијарди [5] (73-та) | ||||
• | По жител | $17,954[5] (75th) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2018 г. | |||||
• | Вкупно | $45.592 милијарди [5] (88-ма) | ||||
• | По жител | $4,586[5] (106th) | ||||
Џиниев коеф. (2005) | 16.6[6] низок |
|||||
ИЧР (2017) | ▬ 0.757[7] висок · 80-та |
|||||
Валута | манат (₼) (AZN ) |
|||||
Часовен појас | AZT (UTC+04:00) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .az | |||||
Повик. бр. | +994 |
Азербејџанската Демократска Република ја прогласила својата независност во 1918 година и станала прва секуларна демократска муслиманска држава. Во 1920 година, земјата била инкорпорирана во Советскиот Сојуз како Азербејџанска Советска Социјалистичка Република[9][10]. Современата Република Азербејџан ја прогласила својата независност на 30 август 1991 година[11], непосредно пред распаѓањето на СССР истата година. Во септември 1991 година, ерменското мнозинство од спорниот регион на Нагорно-Карабах се отцепило и ја формирало Република Арцах[12]. Регионот и седум соседни области надвор од неа станале де факто независни со крајот на Нагорнокарабашката војна во 1994 година. Овие региони се меѓународно признати како дел од Азербејџан за решавање на статусот на Нагорно-Карабах преку преговорите што ги олеснува ОБСЕ[13][14][15][16].
Азербејџан е унитарна полупретседателска република. Таа е една од шесте независни туркиски држави и активен член на Советот на туркофонски држави и заедницата ТУРКСОЈ. Азербејџан има дипломатски односи со 158 земји и има членство во 38 меѓународни организации[17], меѓу кои и Обединетите Нации (од 1992 година), Советот на Европа, Движењето на неврзаните, ОБСЕ и Партнерството за мир (ПзМ). Тој е еден од основачите на ГУАМ, Заедницата на независни држави (ЗНД)[18] и Организацијата за забрана на хемиско оружје. Азербејџан, исто така, има статус на набљудувач во Светската трговска организација[17][19].
Иако повеќе од 89% од населението се шиитски муслимани[20], уставот на Азербејџан не познава официјална религија и сите главни политички сили во земјата се секуларни. Азербејџан има високо ниво на човечки развој кој е рангиран на исто ниво со повеќето земји од Источна Европа[21]. Азербејџан има висока стапка на економски развој[22] и писменост[23], како и ниска стапка на невработеност[24]. Сепак, владејачката партија, партијата Нов Азербејџан, била обвинета за авторитаризам и кршење на човековите права[25].