Ада Лавлејс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Августа Ада Кинг, грофица од Лавлејс (р. Бајрон; англиски: Augusta Ada King, Countess of Lovelace; 10 декември 1815 — 27 ноември 1852 ) — англиски математичар и писател, главно позната по својата работа на предложениот механички компјутер на Чарлс Бебиџ. Таа била прва што препознала дека машината има примена над чиста пресметка и го објавила првиот алгоритам наменет да биде извршен од таква машина. Како резултат, таа понекогаш се смета за прва што го препознава целосниот потенцијал на „компјутерската машина“ и еден од првите компјутерски програмери.[2][3][4]
Грофица Лавлејс | |
---|---|
Околу 1843 година дагеротип од Антоан Клоде[1] | |
Роден(а) | Августа Ада Бајрон 10 декември 1815(1815-12-10) Лондон, Англија |
Починал(а) | 27 ноември 1852(1852-11-27) (возр. 36) Мерилебон, Лондон, Англија |
Почивалиште | Црква „Св. Богородица“ - Хакнал, Нотингем, Англија |
Познат по | математика, информатика |
Сопружник | Вилијам Кинг-Ноел |
Деца |
|
Лавлејс била единственото законско дете на поетот Џорџ Гордон Бајрон и неговата сопруга Лејди Бајрон/[5] Сите други деца на Бајрон се родени од брак со други жени.[6] Бајрон се разделил од сопругата еден месец откако Ада се родила и четири месеци подоцна ја напуштил Англија засекогаш. Тој ја одбележа разделбата во поемата што започнува: „Дали твоето лице е како на мајка ти, мое дете! АДА! единствена ќерка на мојата куќа и срце?“.[7] Починал кога Ада имала осум години, поради болест во грчката војна за независност. Нејзината мајка останала горчлива и го поддржувала интересот на Ада за математика и логика во обид да ја спречи да ја развие лудата перцепција на нејзиниот татко. И покрај ова, Ада останала заинтересирана за Бајрон. По нејзината смрт, таа на нејзино барање била погребана до него. И покрај тоа што честопати била болна во детството, Ада вредно ги завршувала студиите. Таа се омажила за Вилијам Кинг во 1835 година. Кинг станува гроф од Лавлејс во 1838 година, а Ада со тоа станала грофица на Лавлејс.
Нејзините образовни и социјални интереси ја довеле во контакт со научници како Ендрју Кросе, Чарлс Бебиџ, Сер Дејвид Брустер, Чарлс Витстоун, Мајкл Фарадеј и авторот Чарлс Дикенс, контакти кои ги користела за понатамошно образование. Ада го опишала својот пристап како „поетска наука“[8], а самата себеси како „аналитичар (и метафизичар)“.[8]
Кога била тинејџерка, нејзините математички таленти ја довеле до долга работна врска и пријателство со колегата британски математичар Чарлс Бебиџ, кој е познат како „татко на компјутерите“. Таа особено била заинтересирана за работата на Бебиџ на „аналитичкиот мотор“. Лавлејс за првпат го запознала во јуни 1833 година, преку нивната заедничка пријателка и нејзината приватен учител, Мери Сомервил.
Помеѓу 1842 и 1843 година, Ада превела статија за пресметувачкиот мотор од италијанскиот воен инженер Лујџи Менабреа, дополнувајќи го со детален пакет белешки, едноставно наречен Белешки. Овие белешки го содржат она што многумина сметаат дека е прва компјутерска програма - тоа е алгоритам дизајниран да го изврши машина. Други историчари ја отфрлаат оваа перспектива и посочуваат дека личните белешки на Бебиџ од годините 1836/1837 ги содржат првите програми за моторот.[9] Белешките на Лавлејс се важни во раната историја на компјутерите. Таа, исто така, развила визија за способноста на компјутерите да го надминат само пресметувањето или притискањето на број, додека многу други, вклучително и самиот Бебиџ, се фокусирале само на тие способности.[2] Нејзиниот начин на размислување за „поетска наука“ ја натерало да постави прашања во врска со аналитичкиот мотор (како што е прикажано во нејзините белешки), испитувајќи како поединците и општеството се однесуваат на технологијата како алатка за соработка.[6]