Јелашничка Клисура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јелашничката Клисура е дел од речната долина на реката Јелашница, создадена од интензивното вертикално сечење на нејзиниот воден тек во варовничката карпеста маса, западните ограноци на Сува Планина. Се наоѓа во градската општина Нишка Бања во областа на градот Ниш, помеѓу населбата Јелашница (север) и населбата Цукљеник (југ). Оддалечена е 14 км источно од Ниш и 3 км од Нишка Бања. Долга е околу 2км, а широка само 30 м. Ја поврзува Нишката долина со населбите и туристичката дестинација водите на Бојана на северозападните падини на Сува Планина.
Јелашничката Клисура од 1995 година има статус на „Парк на природата I заштитна категорија“, како природно богатство на Република Србија од големо значење, со цел зачувување на природните вредности и ендемичните и субендемични растителни видови, кои се среќаваат таму.[1]