Јатка (храна)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во кујната, јатките се суви, плодови за јадење или семиња кои обично, но не секогаш, имаат голема содржина на маснотии.
Во кујната има многу помалку строго и постаро значење на зборот отколку тесното значење на јатката во ботаниката; терминот се применува на многу семиња кои не се ботанички јатки. Секое големо, масно јадро кое се наоѓа во лушпа и се користи во храната, обично се нарекува јатка. Тие често се користат во правењето јаткасти путери, паста од јатки и масло.
Јатките се важен извор на хранливи материи и за луѓето и за дивиот свет.[1] Бидејќи јатките општо имаат висока содржина на масло, тие се многу ценет извор на храна и енергија. Многу семиња се јадат од луѓето и се користат при готвење, се јадат сурови, никнувани или печени како закуска или се притискаат за масло што се користи во готвење и козметика.
Јатките што се користат за храна, без разлика дали се вистинска јатка или не, се едни од најчестите алергени за храна.[1][2]
Некои овошја и семиња кои не ја исполнуваат ботаничката дефиниција, но се јатки во кулинарска смисла и се:[1]
- Бадемите се јадливи семиња на коштунски овошја - површинскиот слој е отстранет при берење.
- Бразилскиот орев е семе од капсула.
- Индискиот орев (се користи за масло) е семе.
- Кашуто е семето[3] на коштунското овошје со превдокарпот.
- Чилеански лешник или гевуина.
- Макадамија е кремасто бело јадро од овошје од влакнест тип.
- Малабарски костен.
- Монгонгонска јатка.
- Кикириката е семе и е овошје од типот мешункаст зеленчук (од семејството бобови).
- Пекан е семе на овошје од црница.
- Пиливиот орев е семе на тропското дрво Canarium ovatum кое расте на Филипините, Индонезија и Папуа Нова Гвинеја.
- Борова јатка е семе на неколку видови бор ( иглолисни дрвја).
- Ф’стак е делумно дехицентно семе на коштуница со тенко лушпа.
- Орев ( Југланс ) е семе на коштунско овошје.
- Јехебска јатка е семе на пустинска грмушка, Cordeauxia edulis.