Јанош Бојаи
унгарски математичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јанош Бојаи (унгарски: János Bolyai; 15 декември 1802 – 27 јануари 1860 ) — унгарски математичар, познат со неговите заложби на полето на неевклидовата геометрија. Роден е во Коложвар, Трансилванија (денешна Клуж-Напока, Романија), син на познатиот математичар Фаркаш Бојаи.
Кратки факти Јанош БојаиJános Bolyai, Роден(а) ...
Јанош Бојаи János Bolyai | |
---|---|
Портрет на Бојаи од Ференц Маркош (2012) | |
Роден(а) | 15 декември 1802(1802-12-15) Коложвар, Трансилванија |
Починал(а) | 27 јануари 1860(1860-01-27) (возр. 57) Марошвашархеј, Трансилванија |
Живеалиште | Хабсбуршко царство |
Полиња | математика |
Познат по | неевклидова геометрија |
Затвори
На тринаесетгодишна возраст го усовршува сметањето и други облици на аналитичка механика, подучуван од неговиот татко. Ја посетувал Царската инженерска школа во Виена од 1818 до 1822 г. Јанош станува преопседнат со Евклидовaта аксиома за паралелите во кои го вовел татко му.