![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/ca/Tepantitla_mural%252C_Ballplayer_A_%2528Daquella_manera%2529.jpg/640px-Tepantitla_mural%252C_Ballplayer_A_%2528Daquella_manera%2529.jpg&w=640&q=50)
Јазик
систем составен од гестикулации, знакови, гласови, симболи или зборови кои се користат за прикажување и размена на информации, идеи, значењ / From Wikipedia, the free encyclopedia
Како и со секој сложен концепт што се засновува на консензус, јазикот е поим тежок за дефиниција. Тој се состои од репрезентации и некој вид на граматика. Многу јазици користат гестови, звуци, слики, или зборови, и групи на симболи, со цел за комуницирање на концепти, идеи, значења, и мисли, иако проблемот на лигвистичката неодреденост често се јавува кога се прави обид за разликување меѓу овие аспекти.
Клинесто писмо е прва позната форма на пишан јазик, додека говорниот јазик претходел на пишување на бар неколку десетици илјади години.
Некои сметаат дека нашата реалност е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Алберт Ајнштајн дава пример за џебен часовник што лежи на маса. Ако човек никогаш не видел часовник и нема поим што тој претставува, како може да опише звукот „тик-так“? Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност.