Хокеј на мраз
зимски екипен спорт / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хокеј на мраз или скратено само хокеј, е екипен спорт кој се игра на мраз, во кој лизгачите користат дрвени или композитни палки за да погодат со плочката (наречена „пак“), направена од тврда гума, во противничкиот гол. Играта се игра на мразот помеѓу два тима од по шест играчи во една игра (освен ако има прекршок). Еден тим обично се состои од четири линии од кои три се за напад, три пара за одбрана и двајца голмани. По пет играчи од двата тима лизгаат низ мразот и се обидуваат да ја преземат плочката и да дадат гол против противничкиот тим. Секој тим има голман кој се обидува да ја запре плочката да влезе во голот.[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Како динамичен спорт, хокејот на мраз е е најпопуларен во областите кои се доволно ладни за природна,безбедна и сезонска ледена покривка како што се Канада, Чешка, Финска, Германија, Латвија, Норвешка, Русија, Словачка, Шведска, Швајцарија и САД. Со изградбата на затворени вештачки лизгалишта, хокејот на мраз стана хоби во текот на целата година во овие области. Во Северна Америка, Националната хокеј лига (НХЛ) е на највисоко и најпопуларно ниво за мажи. Кандската хокеј-лига за жени (CWHL) и Западната хокеј-лига за жени (WWHL), се на највисоко ниво за жени. Тоа е службен зимски спорт на Канада, каде што играта е многу популарна. Првата организирана игра се одигра на 3 Март 1875 година во Монтреал, Канада. Иако Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) има вкупно 68 членови, следниве седум земји освоиле 162 од 177 медали на светските првенства: Канада, Чешка, Финска, Русија, Словачка, Шведска и САД. Од 1920 година, од вкупно 64-те медали доделени на машките натпревари на олимписките игри, само шест медали не биле доделени на една од тие земји. Сите 12 олимписки медали и 36 медали на светските првенства за жени биле доделени на една од овие седум земји, а златните медали во двете натпреварувања ги освоиле Канада или од САД.