Фердинанд II (Арагон)
крал на Арагон и Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фернандо II Арагонски, познат и како Фернандо Католикот (шпански: Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico") — крал на Арагон (1479. – 1516.), Сицилија (1468. – 1516.), Неапол (1504. – 1516.), Валенсија, Сардинија и Навара, Гроф на Барселона, крал на Кастиља (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастиља во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.
Кратки факти Крал на Арагон, На престол ...
Фердинанд II | |
---|---|
Крал на Арагон, Крал на Кастиља и Леон | |
Крал на Арагон | |
На престол | 20 јануари 1479 - 23 јануари 1516 |
Претходник | Хуан II |
Наследник | Јована I и Карлос I |
Крал на Кастиља | |
На престол | 1475-1503 |
Претходник | Енрике IV |
Наследник | Јована и Филип I |
Сопружник | Изабела I Кастиљска |
Жена |
|
Деца | Изабела Португалска Хуан, принц од Астурија Јована Кастиљска Марија Арагонска Катерина Арагонска |
Династија | Династија Трастамара |
Татко | Хуан II Арагонски |
Мајка | Јована Енрикез |
Затвори
Заедно со сопругата, кралицата Изабела I Кастиљска, Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.