Украинска гривна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Украинска гривна (украински: українська гривня, МФА: [ˈɦrɪu̯nʲɑ], ознака UAH) — официјална валута во Украина и се состои од 100 копејки (едн. копејка, укр. копійка). Националната Банка на Украина (Національний Банк України) има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Украина.
Украинска гривна | |
---|---|
українська гривня (украински) | |
ISO 4217 | |
Код | UAH |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | копејка |
Множина | гривни |
копејка | копејка |
Симбол | ₴ |
Банкноти | 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни |
Монети | 1, 2, 5, 10, 25, 50 копејка, 1 гривна |
Демографија | |
Корисник/ци | Украина |
Издавач | |
Централна банка | Национална Банка на Украина |
Мреж. место | www.bank.gov.ua |
Вредност | |
Инфлација | 3% (проц. за 2012) |
Извор | Bloomberg, 6 март 2012 |
Името на украинската парична единица потекнува од времето на Киевски Рус - гривната била главна парична единица на Киевски Рус. Украинската Народна Република ја користела гривната како национална валута во периодот од 1918 до 1920.
По вторпат гривната била воведена на украинскиот пазар на 2 септември 1996 година.
Денес во Украина во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10, 25, 50 копејки и 1 и 2 гривни, како и хартиени банкноти со деноминација од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни.
На аверсот на гривните се значајни личности од украинската историја.
- 1 гривна — Владимир Велики
- 2 гривни — Јарослав Мудриот
- 5 гривни — Богдан Хмелницки
- 10 гривни — Иван Мазепа
- 20 гривни — Иван Франко
- 50 гривни — Михајло Хрушевски
- 100 гривни — Тарас Шевченко
- 200 гривни — Лесја Украинка
- 500 гривни — Григори Сковорода