Тибетска Висорамнина
висорамнина во Азија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тибетска Висорамнина (тибетски: བོད་ས་མཐོ།, Вајли: bod sa mtho; кинески: 青藏高原, пинјин: Qīngzàng Gāoyuán = „Ќингцаншка Висорамнина“) — голема висорамнина во Централна[1][2][3][4] или Источна Азија[5][6][7][8] што го опфаќа најголемиот дел од автономниот регион Тибет и покраината Ќингхај во Западна Кина, како и делови од Ладак во сојузната држава Џаму и Кашмир, Индија. Се протега во должина од околу 1.000 км од север на југ и 2.500 км од исток на запад. Има просечна надморска височина преку 4.500 м, а зафаќа површина од 2.500.000 км2.[9] На неа се сместени изворите и сливовите на највеќето реки во околните региони. Има десетици илјади ледници и други географско-еколошки елементи што служат како водоснабдувач и одржувач на речните сливови. Денес се вршат бројни истражувања за влијанието на глобалното затоплување врз висорамнината.[10]