Смрт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Смрт — постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам. Вистинската природа на смртта со векови е централна тема во светските религии, како и во филозофијата. Во повеќето религии постои верување во некој вид живот по смртта или реинкарнација. Современата наука ја смета смртта за конечна состојба.
Во медицината постои термин клиничка смрт, а тоа е состојба при која на пациентот му функционираат нормално срцето и белите дробови, но мозокот е мртов.