Сала на огледалата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галерија на огледала е пространа барокна галерија во дворецот во Версај. Била изградена во XVII век, како блескава претставителна просторија на кралот Луј XIV. Била наменета да ги импресионира посетителите на овој апсолутен монарх. Долга е 73 метри, широка 10,5 метри, со 17 големи прозорци од едната страна и 578 огледала од друга страна. Галеријата на огледалата е дизајнирана од архитектот Жил Ардуен Мансар. Работите на неа се одвивале од 1678 до 1684 година.
Огледалната галерија ги комбинира салоните на војната и мирот. Огледалата биле наместени во 1665 година. Шарл Лебрен насликал повеќе од 1000 м2 тавани, со 30 големи композиции. Понекогаш оваа галерија била украсувана со сребрен мебел.