Прва крстоносна војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првата крстоносна војна траела од 1096 до 1099 година и ја покренал папата Урбан II со цел ослободување на исусовиот гроб и ослободување на неговиот свет град Ерусалим од властите на неверникот, односно муслиманите. Крстоносците со овој поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината (Едеса и Антиохија) формирајќи го Ерусалимското Кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим.
Прва крстоносна војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Крстоносни војни | |||||||||
Опсадата на Ерусалим (1099) е најголемиот успех на Првата крстоносна војна |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Крстоносци, Католици од Западна Европа и Ерменија | Селџуци, Арапи и други муслимани |
Подготовката на крстоносните војни и конкретно на Првата крстоносна војна започнала уште во раното средновековие. Распаѓањето на Каролиншкото Царство во минатите векови, заедно со големата стабилност на европските граници по христијанизацијата на Викинзите и Маѓарите дошло до создавање на цела класа од војници, чија крајна цел била тероризирање на селското население.
Како предизвик за ова насилие започнале кампањите против нехристијанското население. Во времето на подемот на Реконкистата на Пиренејскиот полуостров се регрутирале на шпанските рицари, како и војници од другите делови на Европа, во војна против маврите. Норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите.
Поради овие непрекинати војувања со муслиманите, се создала идеја за можна војна против муслиманите. Муслиманите во тој момент го контролирале центарот на христијанскиот свет, Ерусалим, место каде Исус Христос проповедал, место каде е Бил распнат на крст, место каде Воскреснал. Во 1074 папа Григориј VII го повикал milites Christi ("војниците на Христа") да се приклучат на помош на Византиското Царство на исток. Византија претрпела голем пораз против селџуците во Битката за Манцикерт три години порано. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светата Земја изрекувајќи ги зборовите “ Бог тоа го сака“
Крстоносните војни имаат големо значење за историјата на источноевропските народи. За време на крстоносните походи за првпат се судираат интересите на истокот и западот. Нетрпеливоста на западните народи спрема исламот била главна причина за започнување на крстоносните походи. Меѓутоа за кратко време религиозниот мотив избил на втор план и на преден план избиле политичките мотиви. Крстоносците веќе не размислувале за ослободување на за ослободување на Ерусалим, туку за основање на свои независни кнежевства и за освојување на Византија. Главна причина за започнување на крстоносните војни било обидот на западната црква да ја потчини источната. Како главен повод за започнување на походот било молбата на византискиот цар Алексиј I Комнин до папата Урбан II за помош против Турците Селџуци. Сето ова има своја предисторија. Муслиманите во V III век загосподариле со Азија и Африка, како и со средоземното море и некои делови на западна европа. Во 717 г. Го опсадувале Цариград но императорот Лав III успеал да ги совлада нападите и да го спаси градот. Во 732 г. Арапите доживеале пораз кај Поатје од страна на франечкиот владетел Карло Мартел. И покрај некои успеси кои Арапите ги имале на Крит и Сицилија веќе нивната сила не била како порано. Нова опасност за христијанството станале Турците Селџуци. Тие продреле во Багдадскиот калифат и ги покориле Месопотамија и Персија. Наскоро ја освоиле и Мала Азија и таму формирале свој султанат. Во 1071 г. султанот Али Арслан ги поразил Византијците кај Манцикерт во Ерменија. Во 1077 година бил освоен Ерусалим. Ова било причина папата Урбан II да го свика Клермонскиот собор каде што добил многу приврзаници. Главни приврзаници на идејата за започнување на крстоносниот поход биле феудалните барони на запад кои сакале нови поседи. За разлика од западните земји Византија не била заинтересирана за крстоносниот поход бидејќи таа и претходно имала судири со муслиманите. Во првиот крстоносен поход најголемо учество зеле француските витези предводени од Роберт Фландрински. Тој му се обратил на папата и барал да започне походот. Императорот Алексиј не скал навлегување на крстоносна војска на територија на Византија но сепак не успеал да го спречи тоа.