Политички науки
општествени науки што се занимаваат со политиката и политичките системи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Политичка наука претставува збир на академски и истражувачки дисциплини што се занимаваат со политичката теорија и практика, како и описот и анализата на политичките системи и политичкото однесување.
Полињата и подполињата на политичката наука ги вклучуваат: политичката теорија и политичката филозофија, цивилната и компаративната политика, националните системи, меѓународната политичка анализа, политичкиот развој, меѓународните односи, надворешната политика, меѓународното право и политика, јавната администрација, административното однесување, јавното право, судското однесување и политика и јавната политика.
Приодите кон дисциплините ги вклучуваат класичната политичка филозофија, структурализмот, реализмот, плурализмот и институционализмот. Политичките науки, како дел од општествените науки, користат методи и техники што се однесуваат на видовите истражувања што се спроведуваат: примарни извори како историски документи и официјални досиеја, секундарни извори како школски новинарски статии, анкетни истражувања, статистичка анализа и градење модели.
Се смета дека Херберт Бакстер Адамс е оној што го создал изразот „политичка наука“ додека предавал историја на Џон Хопкинс универзитетот.