Партизан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Партизан е член на воена формација која војува на партизански (герилски) начин, формирана за да се спротивстави на контролата на странска сила или на окупациска армија. Терминот партизанско движење се користи и за вооружени елементи на теренот кои се спортивставувале на германските окупациони сили во некои земји за време на Втората светска војна.
- Се однесува за член на воена формација што војува на герилски начин. За други значења погледни Партизан (појаснување)
Овој израз може да се употреби за оние сили кои по Втората светска војна се бореле против советската власт во Источна Европа, или за про-комунистичкиот Виетконг кој се борел против режимот на француските колонијалисти и подоцна против Република Виетнам (поддржана од САД). Партизаните, исто така, може да се наречат и герила, или - зависно од гледната точка, дури и терористи.