Отоманска Унгарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на Отоманска Унгарија го опфаќа периодот од османлиското владеење на Унгарија во периодот од 1541 до 1718 година.
Дел од темата Унгарија |
Античка историја |
---|
Рана историја |
Среден век |
Кралство Унгарија |
Модерна историја |
Прва светска војна |
Портал:Унгарија |
Со приближувањето на Османлиите кон унгарските територии, започнал периодот од околу 150 години војна помеѓу Османлиското Царство и Унгарија. Унгарија загубила голем дел од својата територија во 1556 година. По Мохачката битка во 1526 година, дошол нов период за превласт. На едната страна биле Хабсбуршката династија и Османлиското Царство. На истокот владеел Јован Запола, а на запад Фердинанд I Хабсбуршки. Оваа ситуација довела до граганска војна, која најмногу ја искористила Османлиското Царство, освојувајчи ја во 1541 година. По војната, Унгарија била поделена на три дела: Словачка, Градиште и североисточна Унгарија.
Во периодот од 1604 - 1711 година, избувнало унгарското и хрватското востание против Хасбуршката династија. Во исто време, во Централна Унгарија имало незадоволство од католизмот. Најпознатата побуна се случила во 1671 година, која била со крв задушена. Во 1683 година избила нова војна помеѓу Османлиите и Австрија, која траела до 1699 година. Тогаш, христијанските војски најпрвин го ослободиле Будим а потоа и останатиот дел од монаријата. Во 1718 година, Унгарија целосно била ослободена од Османлиите.