Округот Оринџ (ТВ-серија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Округот Оринџ (англиски: The O.C.) — американска тинејџерска драмска телевизиска серија која се емитуваше на FOX телевизијата во САД од 5 август 2003 до 22 февруари 2007, со емитувани целосни четири сезони. Серијата, создадена од Џош Шварц, ги обработува фиктивните животи на група тинејџери и нивните семејства живејќи во Њупорт Бич во Округот Оринџ, Калифорнија. Округот Оринџ се емитуваше во повеќе од 50 држави и важи за една од најпопуларните нови драми од 2003.[1] Округот Оринџ привлекува сигурни 9,7 милиони гледачи уште од самиот почеток за време на првата сезона, но гледаноста драстично опадннѕва во понатамошните сезони, поради што доаѓа до прекинување на серијата во почетокот на 2007, по 4 сезони и 92 епизоди, дури и покрај интернет петиција која собра над 700,000 потписи.[2]
- Статијата е за телевизиската серија на FOX. За местото од кое серијата го добила името, видете Округот Оринџ, Калифорнија. За други локации под името Округот Оринџ, видете Округот Оринџ.
Округот Оринџ The O.C. | |
---|---|
Податотека:Sbthdtheoc001ky5.jpg Најавната карта за Округот Оринџ за 3 и 4 сезона | |
Создадена од | Џош Шварц |
Улоги | Питер Галагер Кели Роуен Бенџамин МекКензи Миша Бартон Адам Броди Рејчел Билсон Мелинда Кларк Тејт Донован Отом Рисер Вила Холанд Алан Дејл Крис Кармек |
Тематски композитор | Phantom Planet |
Воведна тема | California |
Композитор(и) | Кристофер Тинг |
Земја на потекло | САД |
Бр. на сезони | 4 |
Бр. на епизоди | 92 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Дејв Бартис (прва сезона) Боб ДиЛорентис Даг Лимен (прва сезона) McG Стефани Саваџ (4 сезона; ко-извршен продуцент сезона 1–3) Џош Шварц |
Местоположба | Округот Оринџ, Калифорнија |
Времетраење | 42 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | FOX |
Сликов формат | 480i (SDTV) 720p (HDTV) |
Првично прикажување | 5 август 2003 – 22 февруари 2007 |
Мрежна страница | the-oc.com |
Серијата се фокусира на животите на неколку тинејџери, меѓу кои и Рајан Атвуд, тинејџер од распаднато семејство, кој постојано запаѓа во неволји, кој е посвоен од богатите Сенди и Кирстен Коен. Рајан и неговиот сурогат-брат Сет, чудно и непопуларно момче на иста возраст со Рајан, се соочуваат со животните проблеми како непопуларни ученици во високо класното училиште во Округот Оринџ, Калифорнија. Овдека спаѓаат и нивните понекогаш полни со невољи, а секогаш драматични врски со Самер Робертс, Мариса Купер и од третата сезона натаму, Тејлор Таунсенд. Серијата исто така ја прикажува и мајката на Мариса, Џули Купер и за првите две сезони, нејзините (поранешни) сопрузи Џими Купер и арогантниот татко на Кирстен, Калеб Никол како и популарното момче Лук Вард, поранешното момче на Мариса и на почетокот непријател на Рајан и Сет. Серијата во еден момент се сосредоточува околу Кетлин Купер, сестрата на Мариса.