Нов Свет
збирен поим за териториите на Западната Полутопка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нов Свет е традиционален назив за западната полутопка, особено Америка, извесни атлантски и тихоокеански острови чиј најблизок континентален гребен е американскиот (на пр. Бермуда), а понекогаш и Океанија (Австралазија). Поимот води потекло од почетокот на XVI век, накратко по откривањето на Америка од страна на европските истражувачи. Воведувањето на овој поим го бележи проширувањето на географскиот хозиронт на дотогашниот среден век, кој имал претстава дека светот се состои само од Европа, Азија и Африка. По откритијата, тие го добиле збирниот назив Стар Свет.