Несвесност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Несвесност е состојба на бесвест, односно менталната состојба која вклучува целосен или речиси целосен недостиг на одговори (реакции) кон луѓето и други стимули во животната средина[1]. Состојбата на кома е еден вид на несвесност. Несвестица поради опаѓање на крвниот притисок и намалување на снабдувањето на мозокот со кислород спаѓаат во привремено губење на свеста.
Губењето на свест не смее да се меша со променети состојби на свеста, како делириум (кога лицето е збунето и само делумно одговара на стимулите од животната средина), нормално спиење, хипноза, и други променети состојби во кои личноста реагира на стимули.
Губење на свеста не треба да се меша со поимот на несвесните психоаналитички или когнитивни процеси (на пример, имплицитни препознавања) што се случуваат надвор од свеста.
Губење на свеста може да настане како резултат на трауматски повреди на мозокот, мозочна хипоксија (на пример, поради мозочен или срцев удар), тешко труење со лекови кои ја намалуваат активноста на централниот нервен систем (на пример, алкохол и други хипнотични лекови или седативи), тежок замор, и други причини.