Монти Пајтон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монти Пајтон (англиски: Monty Python) — група британски комичари составена од Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс и Мајкл Палин. Групата се собира по повод снимањето на серијата Летечкиот циркус на Монти Пајтон, а заедно снимаат и четири долгометражни филмови, неколку музички албуми и низа театарски претстави.
Кратки факти Монти ПајтонMonty Python, Изворно име ...
Монти Пајтон Monty Python | |
---|---|
Пајтоновците Заден ред: Греам Чепмен, Ерик Ајдл, Тери Гилијам. Преден ред: Тери Џонс, Џон Клиз, Мајкл Палин | |
Изворно име | Monty Python |
Медиум | Телевизија, Филм, Театар, Аудио |
Националност | Британци (5 члена) Американци (1 член) |
Работен век | 1969-1983 |
Жанрови | sкечеви, надреален хумор |
Влијанија од | Идиотит, Спајк Милигaн |
Влијаел врз | Сите подоцнежни британски комичари; Даглас Адамс и Еди Изард се гледаат како нивни директни наследници. |
Познати дела и улоги | Летечкиот циркус на Монти Пајтон (1969-1974) Монти Пајтон и Светиот Грал (1975) Житието на Брајан според Монти Пајтон (1979) Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул (1982) Смислата на животот (1983) |
Членови | Греам Чепмен Џон Клиз Тери Гилијам Ерик Ајдл Тери Џонс Мајкл Палин |
Мреж. место | PythOnline |
Затвори
Во 2005 година, според анкетата на списанието The Comedian's Comedian, тројца од членовите на Монти Пајтон биле изгласани меѓу 50те најголеми комичари на сите времиња од страна на нивните колеги. Палин се нашол на 30, Ајдл на 21, а Џон Клиз на второто место, веднаш зад Питер Кук.