Месечево-сончев календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Месечево-сончев календар — календар во многу култури чиј датуми укажуваат на истовремено и на месечевите мени и должината на сончевата година. Ако сончевата година е дефинирана како тропска година, тогаш месечево-сончевиот календар ќе го определи годишното време, доколку пак станува збор за ѕвездена година, тогаш календарот ќе ги предвидува соѕвездијата во чија близина е полната месечина. Вообичаено е годината да има целоброен број на месеци, при што најчесто има 12 месеци а на секоја втора или трета година има 13 месеци.