Марширање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марширање е организирано и ритмичко униформно „одење“ според маршова музика во војска во движење или на паради.
Марширањето спаѓа во основна воена обука насекаде. При марширањето се задаваат маршови команди. Учењето да се маршира и слуша наредби се смета за вид дисциплина. При марширање, војникот мора да:
- е порамнет со војникот до него;
- е порамнет со војникот пред него;
- одржува растојание со војникот до него;
- одржува растојание со војникот пред него.