Лишаи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лишаите (латински: Lichenes) се талофитни растенија, чијшто талус претставува симбиоза од компоненти со растително потекло: алга и габа. Како резултат на ваквото сврзување се добива нов организам, кој квалитативно се разликува од сврзаните компоненти, по морфолошки, физиолошки и еколошки својства. Во лишајната симбиоза, габата од алгата зема органски материи - асимилати, а алгата од неа - вода и минерални материи. Алгите кои влегуваат во состав на лишајниот талус се претежно зелени и во помал дел модрозелени, додека габите се аскомицети или базидиомицети.