Кралство Виртемберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Виртемберг (германски: Königreich Württemberg) — германска држава која постоела од 1805 до 1918 година, сместена во областа која денес е Баден-Виртемберг. Кралството го наследило Војводството Виртемберг, кое постоело од 1495 до 1803 година и Изборното Кнежевство Виртемберг, кое постоело од 1803 до 1805 година. Пред 1495 година, Виртемберг била област во поранешното Војводство Швабија, кое се распаднало по смртта на војводата Конрадин во 1268 година. Кралството се граничело со Кралството Баварија на исток и југ, со Големото Војводство Баден на север, запад и југ. Јужниот дел ја опкружувал пруската провинција Хоенцолерн на повеќето нејзини страни и го допирал Боденското Езеро.
Кратки факти
Кралство Виртемберг | ||||||
Königreich Württemberg | ||||||
Конфедеративна држава на Рајнски Сојуз (1806–13) Држава на Германски Сојуз (1815–66) Федеративна држава на Германско Царство (1871–1918) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Кралството Виртемберг (зелено) во рамките на Германската Империја (темно сива) во 1871 година | ||||||
Главен град | Штутгарт | |||||
Јазици | Германски, Швабски дијалект | |||||
Вероисповед | Протестантство, Римокатоличка црква | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
Крал | ||||||
- | 1805–1816 | Фридрих I | ||||
- | 1816–1864 | Вилхелм I | ||||
- | 1864–1891 | Карл I | ||||
- | 1891–1918 | Вилхелм II | ||||
Министер-претседател | ||||||
- | 1821–1831 | Кристијан Фридрих фон Ото (прв) | ||||
- | 1918 | Теодор Готфрид Лиешинг (последен) | ||||
Законодавство | Парламент на Виртемберг | |||||
Историски период | Наполеонови војни / Прва светска војна | |||||
- | Основана | 26 декември 1805 | ||||
- | Обединување на Германија | 18 јануари 1871 | ||||
- | Ноемвриска револуција | 30 ноември 1918 | ||||
- | Распадната | 30 ноември 1918 | ||||
Површина | ||||||
- | 1910 | 19508 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1910 | 2437574 | ||||
Густина | 125 жит/км² | |||||
Валута | Виртембергшки гулден, (1857–1873) Германска златна марка, (1873–1914) Германска Папирмарка (1914–1918) | |||||
Затвори