Косовци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Косовци се жителите на Косово, било да се работи за поранешната српска покраина Косово и Метохија, или денешната независна Република Косово. Србите на Косово се нарекуваат косовски Срби, Албанците - косовски Албанци. За првпат името почнува да се употребува во 1942 година. Има две значења — географско и историско. Под географското се подразбираат сите жители на областа (без Србите од Рашка) како жители на Косово, чијашто етимологија произлегува од српското кос. Под историското или поточно историско-етничкото значење Косовари се подразбираат Албанците коишто претендираат да се наследници на илирското племе Дардани. После Балканските војни со следната српска инвазија во областа, многу од албанските водачи бегаат во Албанија, каде што формираат парламентарна група на Косоварите.