Канцелар на Германија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Канцелар на Германија (германски: [Bundeskanzler] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — функционер кој стои на чело на Сојузната влада на Германија, нејзин претседател. Официјалниот назив во Германија е „сојузен канцелар“, понекогаш скратено во „канцелар/ка“. Терминот потекнува од раниот Среден век и е изведен од латинскиот термин cancellarius.
Сојузен канцелар на Сојузна Република Германија | |
---|---|
Назначувач | Претседател на Германија |
Мандат | 4 години |
Прв функционер | Ото фон Бизмарк |
Создадена | 1 јули 1867 21 март 1871 |
Мреж. место | http://bundeskanzlerin.de |
Во политиката на Германија, канцеларот е исто што и премиерот во многу други земји. Германскиот термин којшто е истоветен на терминот премиер, „министер-претседател“ (Ministerpräsident), се користи за шефовите на владите на многу сојузни покраини, како и во странски држави.
Денешната должност на канцелар се развила од онаа создадена за Ото фон Бизмарк во Северногерманскиот Сојуз во 1867 година; Сојузот прераснал во германска национална држава со обединувањето на Германија во 1871 година. Должноста на канцеларот значително се менувала низ историјата на современа Германија. Денес канцеларот се смета за највлијателниот водач во земјата.