Историја на Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на Италија започнува со создавањето на градот Рим во осмиот век п.н.е. Додека историјата на денешната држава на оваа територија започнува со настаните и состојбите кои довеле до создавање на Републиката во 1946 година од Кралството Италија, како краен резултат на процесите што траеле неколку векови. Историјата на народите кои живееле на денешната територија на Италија во претходните времиња и кои го обликувале културното наследство на Италијанците во поголема или помала мера, генерално се нарекува италијанската култура.