Државник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Државник — политичар или друг државен деец со долга и ценета кариера во внатрешната и надворешната политика на една земја.
За други значења на поимот, погл. Државник (појаснување).
Државништвото како поим исто така означува и квалитет на раководство и водство, кое органски ги обединува луѓето, а означува и старешинство, во смисла на грижа за другите луѓе и за општото добро.
„Политичар“ е било кој избран функционер, но само малку од нив успеваат постојано да дејствуваат како непристрасни поборници за општото добро и интегритет. Така, постојат големи разлики помеѓу поимите „политичар“ и „државник“.
Поимот „државник“ се применува и општо за шеф на држава, виш политички работник, или пак некој кој во даден момент покажува извесни „државнички“ квалитети.