Добро (економија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Добро во економиката и сметководството е производ кој служи да задоволи некоја желба или потреба. Во потесна (но позастапена) смисла, доброто е материјален физички производ (наспроти услуга, која е нематеријална). Како такво, доброто се доставува на потрошувачот и подразбира префрлање на сопственоста од продавачот на купувачот. На пример, јаболкото е материјално добро наспроти фризурата, која е (нематеријална) услуга. Доброто може да се опише и како стока, при што се запазува разликата помеѓу материјалното и нематеријалното. Во микроекономиката пак, поимот „добро“ се користи во поширока смисла, каде влегуваат обете.