Декларација за независност на Косово
From Wikipedia, the free encyclopedia
На 17 февруари 2008 година, мнозинството пратеници во Собранието на Косово, вклучително Хашим Тачи и Фатмир Сејдиу (кои не беа членови на Собранието), кои не дејствуваа во својство на покраински институции, еднострано прогласи независност на автономната покраина Косово и Метохија од Република Србија. На вонредната свечена седница на парламентот, за Декларацијата за независност се гласале сите 109 присутни парламентарци. Истата вечер Владата на Србија ја поништила оваа одлука и ја прогласила декларацијата како противправен акт на привремените органи во Приштина, а потоа свикала вонредна седница на Собранието на Србија по повод едностраното прогласување на независноста на Косово и Метохија. Седницата била одржана на 18 февруари на која 225 пратеници гласале за одлуката на Владата за поништување на едностраното прогласување на независноста на Косово и Метохија. Немало воздржани ниту гласови против, додека пратениците на ЛДП, ЛСВ и СВМ не гласале.
На 8 октомври 2008 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои предлог резолуција каде Србија бара советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата со седиште во Хаг, околу независноста на Косово и Метохија и дали таа независност која е прогласена е во склад со меѓународното право.