Далечен Исток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Далечниот Исток е поим што се однесува претежно на географското подрачје на источна Азија (вклучувајќи ја далекуисточна Русија) и југоисточна Азија,[1]
Поимот се појавил во европскиот геополитички речник во XIX век, подразбирајќи го најоддалечениот дел од Азија во однос на Европа, подалечен од Блискиот итн. „Среден Исток“). Овој поим повеќе не е нашироко застапен во западните земји,[2] бидејќи се смета дека го подразбира „ориентализмот“ од XIX век, според автори како Едвард Саид. Во 1960-тите години почнале да се користат поимите источна Азија и Ориент,[3] додека денеска во најголема мера се користи поимот „Источна Азија“.[2]
Покрај географската далечина, поимот уште повеќе подразбира културна оддалеченост и различност. Затоа земјите како Австралија и Нов Зеланд никогаш не се сметале за „далекуисточни“ иако географски се уште поисточни од азиските земји.