Физичка величина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Физичката величина — количествена одлика на еден објект или појава во физиката, или, пак, резултат од некое мерење. Се изразува како производ од бројната вредност {M} и мерната единица [M]
На пример, доколку имаме некаква моќност зададена како:
- P = 42,3 × 103 W = 42,3 kW,
тогаш во овој запис:
- Р — е ознаката за величината „моќност“
- 42,3 × 103 — нејзината бројна̀ вредност
- к — е ознака за претставката „кило-“, која одговара на 103
- W — е ознаката за ват, единица за моќност.
Во овој случај, под „мерење“ се подразбира процедура, при која на физичката величина ѝ се придава бројна вредност, при што се прави споредба со соодветна на неа вредност, означена како стандардна (прамерка или еталон). Поради ова, многу е важно да се установат стандардните вредности на основните физички величини. Тоа може да биде по различни начини и прифаќањето на еден начин е прашање на согласност. Списокот од стандардни вредности се нарекува систем на мерни единици.