Блазонирање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Блазонирање претставува опис или читање на еден грб. Блазон е описот на грбот со техничка терминологија.
Блазонот или описот е всушност најважниот дел од хералдиката. Тоа го претставува грбот, додека самиот цртеж е интерпретација на блазонот, односно емблазонирање. За еден ист блазон може да има различни цртежи, во различен стил. Кога се блазонира еден потполн грб, хиерархијата на блазонирање е следна:
- штитот
- челенката
- плаштот
- штитодржачите
- подножјето (компартментот)
- мотото
- знаци на ранг и ордени
Блазонирањето на штитот е доста сложено во зависност од тоа дали грбот е добиен со маршалување или е т.н. прост грб. Во случај на прост грб, блазонирањето се врши по следниов ред:
- поделбата на штитот
- бојата на полето
- ординарии
- амблем
- фигури
- нивната боја и положба