Бели крвни зрнца
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леукоцитите (leukos- бело) се белите крвни клетки кои се составен дел на крвта, но ги има и во лимфата и меѓуклеточната течност. Тоа се амебовидни клетки со јадра. Тоа се клетки што во себе содржат повеќе ензими кои ги разградуваат материите што ќе навлезат во нив. Леукоцитите се создаваат во коскената срцевина, органите на РЕС, тимусот, слезината и лимфните јазли. Учествуваат во имунитетот, вклучувајќи го и клеточниот. Леукоцитите ги има повеќе видови. Врз основа на нивната големина, формата и гранулите во нивните јадра, има гранулоцити и агранулоцити. Можноста за менување на формата и одбранбената функција на леукоцитите во организмот, се во врска со способноста за амебовидно движење, дијапедеза и хемотаксија.
Бели крвни зрнца | |
---|---|
SEM слика на нормална човечка крв. Можат да се забележат леукоцитите со сферична форма со неправилна површина, еритроцитите и многу мали дисковидни крвни плочки. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | leucocytus |
Код | TH H2.00.04.1.02001 |
TH | H2.00.04.1.02001 |
FMA | FMA:62852 |
Бројот на леукоцити во крвта често е индикатор за болест. Нормалниот број на леукоцити во крвта вообичаено се движи помеѓу 4 × 109/L and 1.1 × 1010/L. Во САД, оваа вредност обично се изразува како 4.000 до 11.000 бели крвни црнца на микролитар крв.[1] Белите крвни зрнца сочинуваат приближно 1% од вкупниот крвен волумен кај здрав возрасен човек,[2] што ги прави помалубројни од црвените крвни зрнца, кои сочинуваат 40% до 45% од крвниот волумен.