Белгиска револуција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белгиската револуција претставува конфликт кој започнал во август 1830 година во Брисел. Белгија тогаш била дел од Обединетото Кралство Холандија. Првичниот бунт довел до воспоставување односно основање на нова, независна, католичка и неутрална држава под името Белгија. Независноста на Белгија била прогласена на 4 октомври 1830 година. Кралот на Холандија земјата не ја признал до 1839 година.
Белгиска револуција | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Команданти и водачи | |||||||
Вилхем I од Холандија | Ерасме Луис Сурлет де Чокиер Чарлс Роџер |
По поразот на Наполеон Бонапарт, на Винескиот конгрес кој се одржал во 1815 година било создадено Обединето Кралство Холандија, кое ги опфаќало териториите на поранешната Холандска Република и Австриските Ниски Земји. По конгресот, Велика Британија инсистирала да придобие дел од холандските колониии во Јужна Африка, а како компензација Холандија добила дел од јужните провинции т.е. денешна Белгија.