Бастион
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бастион е градба издадена нанадвор од главното обѕидие на едно утврдување, сместено на аголот на два прави ѕида. По облик е остра, приспособена за активна одбрана на тврдината. Бастионот им дава можност на бранителите да покриваат соседни бастиони и ѕидини со одбранбен оган.
За други значења на поимот, погл. Бастион (појаснување).
Бастионите се конструирани за што поголем опсег (видокруг) за напад врз непријателот. Пред тоа утрврувањата не можеле да се бранат на поголем домет. Бастионот го решил овој проблем со тоа што на него се користеле топови за покривање на пушкарниците, додека друг топ можел да ги напаѓа надојдените едници фронтално.
Поврзано: Бастионска тврдина