База (хемија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хемијата, базите, како и киселините се дефинирани од три теории:
- Арениусова теорија: Бази се супстанции кои при електролитна дисоцијација даваат хидроксидни јони како единствен вид анјони
- Бренстед-Лауриева теорија: Бази се супстанции кои во една протолитичка реакција се протон-акцептори (приматели на протони)
- Луисова теорија: Бази се супстанции кои при една реакција оддава електронски пар.
Меѓутоа, најзастапена дефиниција за база е Бренстед-Лауриевата — хемиско соединение кое апсорбира хидрониум јони кога е растворено во вода. Алкалот е специјален вид на база, каде што во водена средина хидроксидните јони се донираат. Базите и киселините се гледаат како две спротивности бидејќи ефектот на киселината се состои во зголемување на концентрацијата на хидрониум (H3O+) јоните во водата, додека базите ја намалуваат оваа концентрација. Арениусовските бази се растворливи во вода и овие раствори имаат секогаш pH поголема од 7.