Апатосаурус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Апатосаурус (што буквално значи „измамен гуштер“) — род на тревојаден сауроподски диносаурус кој живеел во Северна Америка за време на периодот на доцната Јура. Отниел Чарлс Марш го опишал и именувал првиот познат вид, A. louisae, во 1877 година, а вториот вид, A. ajax, бил откриен и именуван од Вилијам Холанд во 1916 година. Апатосаурусот живеел пред околу 152-151 милиони години, за време на доцниот кимериџ до раниот титон и денес е познат по фосилите во Морисоновата формација во денешните американски држави Колорадо, Оклахома, Ново Мексико, Вајоминг и Јута. Апатосаурусот имал просечна должина од 21-22,8 метри, и просечна маса од 16.4-22,4 тони. Неколку примероци укажуваат на максимална должина од 11-30% поголема од просечната и маса од 32.7-72.6 тони.
Апатосаурус Период: Доцна Јура, | |
---|---|
Модел од A. louisae, во Музеј на природна историја Карнеги; | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Надред: | Диносауруси |
Вратните пршлени на Апатосаурусот се помалку издолжени и потешко конструирани од оние на Диплодокусот, исто така диплодоцид како Апатосаурусот, а коските на ногата се многу покрупни и покрај тоа што се подолги, што значи дека Апатосаурусот бил поцврсто животно. Опашката се држела над земјата при нормално движење. Апатосаурусот имал една канџа на секој преден екстремитет и по три на задниот екстремитет. Черепот, за кој долго време се сметало дека е сличен на Камарасаурус, е многу посличен на оној на Диплодокусот. Апатосаурусот бил генерализиран прелистувач кој најверојатно ја држел главата подигната. За да ги олесни своите пршлени, Апатосаурусот имал воздушни вреќи кои ги правеле коските внатрешно полни со дупки. Како и на другите диплодоциди, неговата опашка можеби се користела како камшик за да се создадат гласни звуци.
Черепот на Апатосаурусот бил смешан со оној на Камарасаурусот и Брахиосаурусот сè до 1909 година, кога бил пронајден холотипот A. louisae и целосен череп на само неколку метри од предниот дел на вратот. Хенри Ферфилд Озборн не се согласувал со ова тврдење и продолжил да го монтира скелетот на Апатосаурусот со череп од Камарасаурус. Скелетите на Апатосаурусот биле монтирани со разновидни други черепи сè до 1970 година, кога Мекинтош покажал дека посилните черепи доделени на Диплодокусот се поверојатно од Апатосаурусот.
Апатосаурусот е род во семејството Диплодоциди. Тоа е еден од повеќето базалните родови. Иако потсемејството Apatosaurinae било именувано во 1929 година, групата не се користела како важечка до една обемна студија од 2015 година. Единствено Бронтосаурусот е исто така во потсемејството, при што другите родови се сметаат за синоними или се преквалификувани како диплодоциди. Бронтосаурусот долго време се сметал за помлад синоним на Апатосаурусот; неговиот вид бил преквалификуван како А.excelsus во 1903 година. Студијата од 2015 година заклучила дека Бронтосаурусот е валиден род на сауроподи, различен од Апатосаурусот, но не сите палеонтолози се согласуваат со оваа поделба. Бидејќи постоел во Северна Америка за време на доцната Јура, Апатосаурусот би требало да живеел покрај диносаурусите како Алосаурус, Камарасаурус, Диплодокус и Стегосаурус.