Алкален метал
група хемиски елементи / From Wikipedia, the free encyclopedia
E Алкалните метали содржат во последното енергетско ниво по еден електрон во s-орбиталата. Таквата електронска конфигурација е причината за нивните карактеристични општи својства. Слично како кај благородните гасови, овие елементи се јавуваат по определен број елементи периодично. Периодичноста се јавува по 8, 8, 18, 18, 32 елементи.
Алкалните метали се составни елементи во групата 1, а тие во периодниот систем се: Литиум(Li), Натриум(Na), Калиум(K), Рубидиум(Rb), цезиум(Cs) и франциум(Fr). Водородот иако номинално припаѓа на првата група тој многу ретко се однесува како алкалните метали. Алкалните метали даваат најдобри примери во групата за својствата во периодниот систем со квалитетното однесување на одликите на хомологните групи.