Џосерова пирамида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џосеровата пирамида била изградена за фараонот Џосер од архитектот Имхотеп во XXVII век п.н.е. во Сахарската некропола, југозападно од градот Мемфис.
Кратки факти Џосерова пирамида, Општи податоци ...
Џосерова пирамида | |
---|---|
Скалестата пирамида на Џосер се смета за првата голема камена градба во историјата | |
Општи податоци | |
Стил | Скалеста пирамида |
Град | Сахара |
Земја | Египет |
Завршена | XXVII век п.н.е. |
Нарачател | Фараон Џосер (Хор Нетџерихет) |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Имхотеп |
Затвори
Оваа прва египетска пирамида се состои од низа мастаби (секоја помала од претходната) изградени една врз друга според ревизии како и првичниот план. Првобитно била висока 62 метри и била обложена со измазнет бел мермер. Оваа скалеста пирамида (или прапирамида) се смета за првата голема камена градба во историјата.