Џо Бајден
американски политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џозеф Робинет „Џо“ Бајден Помладиот (англиски: Joseph Robinette Biden Jr.) — американски политичар и претседател на САД. Тој го победил носителот на должноста Доналд Трамп на Претседателските избори во 2020 година и бил инаугуриран како 46. претседател на САД на 20 јануари 2021 година. Бајден е припадник на Демократската партија и бил 47. потпретседател на САД (под Барак Обама) од 2009 до 2017 година и претставник на сојузната држава Делавер во Сенатот на САД од 1973 до 2009 година.
Кратки факти Џо Бајден Joе Biden, 46. Претседател на САД ...
Џо Бајден Joе Biden | |
---|---|
46. Претседател на САД | |
На должноста | |
Стапил 20 јануари 2021 | |
Потпретседател | Камала Харис |
Претходник | Доналд Трамп |
47. Потпретседател на САД | |
На должноста 20 јануари 2009 – 20 јануари 2017 | |
Претседател | Барак Обама |
Претходник | Дик Чејни |
Наследник | Мајк Пенс |
Сенатор од Делавер | |
На должноста 3 јануари 1973 – 15 јануари 2009 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Џозеф Робинет Бајден помладиот 20 ноември 1942(1942-11-20) (81 г.) Скрантон, Пенсилванија, САД |
Партија | демократ |
Сопружник | Нејлија Хантер (в. 1966; починала 1972) Џил Џејкобс (в. 1977) |
Установа | Универзитет на Делавер (Bachelor of Arts) Универзитет на Сиракјус (Juris Doctor) |
Занимање |
|
Потпис | |
Портал | Кампањско мрежно место Транзициско мрежно место |
Затвори