Терoподи
група диносауруси / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тероподи (Theropoda, „ѕвероноги“) — група двоножни диносауруси, припадници на Saurischia. Иако повеќето биле месојади, бројни групи станале сештојади, инсектојади и тревопасни. Тероподите првпат се појавиле во текот на доцниот тријас, пред околу 230 милиони години и во нив спаѓале сите големи копненини грабливци од раната јура до крајот на креда, пред околу 65 милиони години. Денес нивни претставници се 9900 вида птици кои настанале во текот на јура од мали специјализирани диносауруси.
Терoподи
Кратки факти Тероподи Период: доцен триjас – денес,, Научна класификација [ у ] ...
Тероподи Период: доцен триjас – денес, | |
---|---|
Морфолошка и еколошка разновидност на тероподите | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Надред: | Диносауруси |
Кладус: | Тероподи Марш, 1881 |
Подгрупи[1] | |
|
Затвори
Меѓу особоните кои ги поврзуваат тероподите и птиците се стапалата со три прста, коски исполнети со воздух и (во некои случаи) пердуви и квачење на јајцата.